Уругвај потресен од нова трагедија и самоубитство на 27-годишен фудбалер

Нова трагедија го обви Уругвај во црно, откако се самоуби 27-годишниот фудбалер Емилијано Кабрера.

Ова е втор ваков случај во период од само седум дена што ја потресе спортската јавност, а наводно причините за Кабрера да си го одземе животот е што пател од депресија. Пред околу една недела од исти причини, згасна животот на Вилијамс Мартинес, исто така уругвајски фудбалер.

Кабрера играше фудбал во сала во последните неколку години од кариерата, а пред тоа во главно настапуваше низ лигите во Перу, а одреден период помина и во понискиот ранг на фудбалските првенства во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести