Уште еден активен случај на ковид-19 во Ливерпул

Џердан Шаќири е третиот заразен играч во Ливерпул со ковид-19 по Садио Мане и Тијаго Алкантара, кои се веќе во изолација и се следи нивната состојба според здравствениот протокол.

Шаќири се тестираше во пресрет на циклусот во Лигата на нациите и воопшто не се приклучи на националниот состав на Швајцарија, која треба да се сретне со Шпанија и Германија во ЛН, а претходно во контролка ќе се соочи со селекцијата на Хртватска.

Во меѓувреме, Шаќири се задржа во редовите на англискиот првак, односно го преживеа последниот ден од преодниот рок, во кој се очекуваше Швајцарецот да го напушти „Енфилд“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести