Уште еден англиски тим добива богати сопственици

Некогашниот премиерлигаш Сандерленд доби нови газди. Американска групација предводена од четворица бизнисмени реши да го преземе раководењето со клубот кој сега е во Лига 1, што е трето по квалитет натпреварување во Англија.

Најавено е дека новите газди ќе вложат многу пари и не само што ќе ги затворат финансиските дупки, туку ќе направат клуб кој повторно за брзо време треба да се врати во елитното друштво. Сите четворица сопственици се милијардери, што значи дека парите нема да им бидат проблем.

Последната сезона во Премиер лигата Сандерленд ја одигра во 2017 година. Потоа, поради тешката финансиска состојба, падна во Шампионат лигата, а потоа испадна и во третата лига. Сандерленд е клуб со голема и богата традиција. Шестпати бил првак на Англија, но последен пат тоа се случило во далечната 1936 година.

- Оглас -

Најнови вести