Жално, но речиси секоја недела сме сведоци на колабирање на професионални фудбалери во последнава година.
Последен во оваа навистина лоша појава е играчот на Шефилд јунајтед, Џон Флек, кој колабира на вчерашниот меч против Ридинг во меч од Чемпионшип лигата.
Флек остана без свест во 56-тата минута, а потоа медицинските тимови го реанимираа и го однесоа во најблиската болница.
Тој утринава беше пуштен оттаму, а сè уште не е познато која е причината за колабирањето, односно поради кој орган се случило тоа.
Тоа ќе треба да биде откриено деновиве, по серијата интензивни тестирања.


