Уште еден клучен дефанзивец го напушта Баерн

Баерн Минхен и Џером Боатенг нема да ја продолжат соработката по јуни 2021 година, што значи дека поранешниот германски репрезентативец заедно со Давид Алаба ќе ја напуштат „Алијанц арената“ по крајот на сезоната.

На двајцата им истекуваат договорите, а поставуваа нереални услови, односно бараа високи плати за да останат во редовите на европскиот првак. Управата реши да не потпаѓа под влијание бидејќи нивната политика е дека ниту еден играч не е поголем од клубот.

Во меѓувреме, Баварците не се потресоа од одлуката на Боатенг, туку веднаш се пуштија во потрага по негова замена, а се чини дека ја најдоа во непосредна близина. Баерн ќе атакува на потписот на Дајо Упамекано, младиот стопер од Лајпциг, за кого пак се интересира пола Европа.

За него ќе треба да се издвои прилично висока сума пари, со оглед на тоа дека Црвените бикови изминатото лето наводно одбиваа понуди за Упамекано високи до шеесетина милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести