Уште не почна Вимблдон Хрватска остана без најдоброрангираниот тенисер

Борна Чориќ во последен момент се откажа од настапот на Вимблдон и Хрватска остана без најдоброрангираниот тенисер на третиот гренд-слем во сезоната.

Чориќ кој е 14. на АТП листата има проблеми со грбот, а состојбата му се влоши на турнирот во Хале, Германија.

Сега главен адут на Хрватите на неофицијалното светско првенство во тенис ќе биде Марин Чилиќ (18. на АТП), кој е 13. носител и во првото коло ќе игра со Адријан Манарино.

Хрватите го имаат и ветеранот Иво Карловиќ на турнирот на „Ол Ингланд“ клубот, а подобри резултати има Чилиќ.

На Вимблдон Марин играше финале пред две години, но загуби од Роџер Федерер со 0:3 во мечот за титулата.

- Оглас -

Најнови вести