Уште не заиграл во Премиер лигата, а ќе дебитира за Англија

Калвин Филипс е играч на Лидс кој вечерва треба да го има дебито во националниот состав на Англија. Играчот за врска има 24 години и досега никогаш не заиграл во Премиер лигата, но се очекува да добие шанса од селекторот Герет Саутгејт.

Освен Филипс, деби се очекува да има и капитенот на Вулверхемптон Конор Коди. Англија со победа стартуваше во Лигата на нации, откако минимално со 1:0 победи на гости кај Исланд, но селекторот Саутгејт не беше многу задоволен од играта на неговите избраници, па реши да направи и некои промени.

Освен разочарувачката игра против Исланд, двајца репрезентативци беа избркани од составот по дуелот во Рејкјавик. Талентите на Манчестер јунајтед и Манчестер сити, Фил Фоден и Мејсон Гринвуд беа избркани поради прекршување на здравствениот протокол за заштита од Коронавирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести