Уште ова фалеше на фудбалските терени во Европа – Полицијата пукаше во воздух за да прекине тепачка на играчите (Видео)

Масовна тепачка што беше прекината со пукање во воздух на полицијата се случи на меч од пониските лиги во Португалија.

Фудбалерите на Олимпико Монтихо и Виторија Сетубал Б приредија сериозен инцидент на теренот, па откако не помогна реакцијата на обезбедувањето, влета полицијата и со истели од огнено оружје во воздух се обиде да ја сопре тепачката.

Ова ретко се гледа на фудбалските терени во Европа, а викендов имаше голем инцидент и во Словачка. Таму беше прекинато дербито меѓу Спартак Трнава и Слован откако на теренот влетаа навивачите на двете екипи и се степаа меѓу себе.

Непосреден сведок на инцидентот на стадионот во Трнава беше нашиот репрезентативец Милан Ристовски, кој игра за Спартак.

 

 

- Оглас -

Најнови вести