Смешните ситуации на Африканскиот куп на Нации продолжија и денеска, а циркус направи репрезентативецот на Гана, Бенџамин Тете.
Беше на терен само една минута, а удри противник со тупаница в лице и потоа во гуѓвата го снема.
Тете побегна во соблекувалната, но не куртули од исклучување. Судијата Бенбрахам од Алжир доби сугестија од помошниците да го исклучи играчот на Јени Малатијаспор, но не успеваше да го најде, бидејќи Тете побегна од теренот.
Сепак Бенбрахам покажа црвен картон кон клупата на Гана, со сугестија дека е за Тете.
https://twitter.com/SkySportsNews/status/1482099840322523148?s=20
Мечот меѓу Габон и Гана заврши нерешено 1:1, со уште една многу интересна и комична ситуација на АФКОН.