Уште Порто му фалеше за цел мозаик – Куентрао ќе комплетира хет-трик во големата тројка на португалскиот фудбал

Фабио Куентрао ќе игра за Порто во новата сезона откако не успеа да се договори со грчкиот ПАОК и ќе биде само третиот фудбалер во овој милениум што бил фудбалер на големата тројка на португалскиот фудбал.

Според португалските медиуми, договор веќе е постигнат и левиот бек ќе се пресели од Рио Аве во Порто.

Куентрао има 31 година и одлична кариера што ја почна токму во Рио Аве пред 13 години, а сега од тој клуб се сели во Порто. Играше и за Бенфика од 2007 до 2011 година, потоа и за Реал Мадрид и за Спортинг Лисабон, па ако биде член на Порто, ќе им се приклучи на Маниче и на Дерлеи, двајцата единствени фудбалери во 21 век што играле за Порто, Бенфика и Спортинг.

- Оглас -

Најнови вести