Уште пред да почне Мундијалот, се знаеше дека тој ќе биде ХЕРОЈ (Фото)

Мексико одигра 0:0 против Полска во првиот меч од Светското првенство во Катар, а херој на мечот е Гилјермо Очоа. Легендарниот голман за кого ова е петти Мундијал, покажува дека уште е во одлична форма и во второто полувреме успеа да му одбрани пенал на Роберт Левандовски.

За Очоа уште пред почетокот на Мундијалот се најавуваше дека тоа е голманот кој кога ќе дојде СП, се претвора „три во едно“, односно дека станува комбинација на Џанлуиџи Буфон, Икер Касилјас и Мануел Нојер. Со денешните одбрани против Полска, Очоа само потврди дека е така.

За Очоа ова беше 17-ти одбранет пенал во кариерата, а четврти во репрезентативниот дрес на Мексико. Фановите во Мекисико буквално паднаа во делириум кога нивниот миленик го одбрани пеналот на еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Едноставно, Очоа го сметат за вистински фудбалски спасител затоа што ова не е првпат тој да блеска на мундијалски мечеви.

- Оглас -

Најнови вести