Успехот од пред 18 години, Клоп го смета како еден од најголемите во кариерата (ФОТО)

Јирген Клоп е еден од најдобрите тренери на денешницата. предводникот на Ливерпул успеа да му донесе титула во Премиер лигата по пауза од три децении, како и да го вивне клубот меѓу најдобрите во Европа.

Претходно, со Борусија Дортмунд исто така имаше неверојатни успеси каде што во два наврати му ја „украде“ титулата на Баерн Минхен во Бундеслигата.

Но, пред 18 години Клоп беше предводник на Мајнц 05, кој што во 2004 година благодарение на овој тренер заврши како третопласиран во „Цвајте“, за прв пат да влезе во Бундеслигата, а потоа да стане стабилен клуб во елитата (2008-2010 беа пак во втора лига), а веќе 12 години клубот биде стабилен прволигаш.

„Иако имам успеси и сега, тоа што го направивме со Мајнц е неверојатно. Го внесовме тимот за прв пат во Бундеслигата. Тоа го сметам за еден од моите најголеми успеси“ изјави своевремено Клоп.

За потсетување, една од најголемите легенди на овој клуб е некогашниот македонски репрезентативец, Николче Новески кој што беше дел 11 години од овој клуб.

- Оглас -

Најнови вести