Утнаа пенал па го решија дербито на Баскија со четири гола за 20 минути

Атлетик Билбао славеше убедлива победа од 4:0 против Реал Сосиедад на големото баскиско дерби во Шпанија.

Домаќинот промаши пенал во првото полувреме, кога клупската легенда Икер Мунијаин беше непрецизен, но потоа со четири гола за 20 минути во второто полувреме експресно ги разреши дилемите окиолу победникот.

Вивијан прв погоди во 68. минута, само 240 секунди подоцна имаше нов гол во мрежата на гостите од Сан Себастијан, а стрелец беше Сансет, за потоа и Ињаки Вилијамс да биде прецизен во 80. минута, кога веќе немаше дилеми кој ќе победи.

Мунијаин потоа се извади за утката од пенал и го постигна последниот гол на мечот во 89. минута.

Атлетик со победата да му се доближи на големиот ривал и сега е на осмото место со 37 бода, само еден бод помалку од Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести