Утре да ми се јават од Реал, одма ќе одам и ќе играм без пари

Некогашниот шпански репрезентативец Фернандо Љоренте откри дека негова неостварена желба е да заигра за Реал Мадрид. Љоренте, кој има 37 години, веќе две децении е активен во фудбалот, а се прослави во дресот на Атлетик Билбао, каде што играше од 2005 до 2013 година.

Љоренте од Билбао замина во Јувентус, каде што помина две години, а потоа играше и за Севилја, Свонси, Тотенхем, Наполи, Удинезе, а негов последен клуб е Еибар, за којшто играше минатата сезона. Оваа сезона тој е слободен играч и вели дека е подготвен веднаш да го облече дресот на Реал Мадрид и да игра без пари.

„Би сакал да играм за Реал Мадрид. Моментално тоа е најдобриот клуб во светот, неверојатно е тоа што го прави во Лигата на шампионите. Кога и да стигнат до некоја од последните рунди, тие се фаворити за титулата. Кога Анчелоти би ме викнал да бидам замена за Бензема, би играл без пари“, вели Љоренте.

Бензема моментално е повреден, па токму затоа Љоренте се нуди за џабе да игра за Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести