Утре е градското дерби, но само сон ќе остане да се повтори „фештата“ од лани (Видео)

Херта ќе биде домаќин на Унион во утрешното градско дерби на Берлин. Во првиот дел од сезоната, Унион на свој терен славеше со 1:0 за голема радост на домашните фанови. Освен возбудувањата на теренот, тензично беше и на трибините. Дел од домашните фанови во еден момент втрчаа на теренот и направија прекин.

По 26 одиграни меча, Херта има 31 бод, а Унион е со бод помалку, што е најава за нова голема битка, иако ќе биде многу посиромашна бидејќи на Олимпискиот стадион во Берлин нема да има навивачи. Еве како изгледаше атмосферата на дуелот кој се одигра во ноември, а кога Унион победи со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести