Утре паѓа еден рекорд во Лигата на шампионите

Новото коло од Лигата на шампионите во фудбал стартува утре во 18.55 часот, а еден од двата меча во тој термин ќе биде Наполи – Генк, на кој постои голема веројатност да биде поставен еден рекорд во најсилното клупско натпреварување во Европа.

Доколку на голот на белгискиот првак стои Мартен Вандерворд, тој ќе биде најмладиот голман стартер во историјата на ЛШ. Вандерворд е малолетен, во февруари ќе наполни 18 години. Тој го бранеше голот на Генк на последните два меча во белгискиот шампионат, па не треба да биде изненадување ако добие шанса да дебитира на европска сцена, со што би станак најмладиот голман кој бранел од прва минута во ЛШ.

Вандерворд бранеше добро на голот на Генк и одбрани неколку опасни шутеви.

„Моја работа е да бранам што е можно подобро. Дали ќе бидам во првиот тим и против Наполи? Се надевам, но одлуката ја носи тренерот“ – вели Вандерворд.

- Оглас -

Најнови вести