Уцена од Икарди до Интер: Или капитен, или не играм!

Мауро Икарди ги известил раководството и стручниот штаб на Интер дека ќе игра само ако ја носи капитенската лента, тврди реномираниот весник „Ла Газета дело спорт“. Пред една недела, Интер одлучи да му ја одземе лентата на Аргентинецот и да му ја додели на голманот Самир Хандановиќ. Тоа го налути Икарди, кој оттогаш нема играно.

Според италијанските медиуми, Икарди рекол дека не ни помислува да се врати на теренот како дел од екипата доколку не му биде вратена капитенската лента. Интер подготвува нов договор за Икарди, кој би важел до 2024 година и со кој напаѓачот би заработувал 7 милиони евра по сезона.

Дали ова ќе биде доволно за да се смират тензиите, останува да се види. Последниот збор ќе го имаат Икарди и неговата сопруга Ванда, која му е и агент.

- Оглас -

Најнови вести