Ужас на релито Дакар: Чех усмрти човек, а не ни беше свесен дека го прегазил и продолжи да вози (Вознемирувачко видео)

Чешкиот возач Алеш Лопраис за време на деветтата етапа во категоријата камиони на популарното рели Дакар усмрти еден 69-годишен Италијанец, а не ни знаеше дека го направил тоа. Чехот бил во шок кога неколку часа подоцна дозна за трагедијата.

Лопраис со своето возило по еден скок на песочна дина, всушност премина преку несреќниот човек кој ја фотографирал својата сопруга, а не можеше да види што се случува под неговото возило и продолжи да вози.

На повредениот човекот му се слошило, имал вртоглавица и мачнина, а неколку часа подоцна на пат кон болница добил срцев удар и починал.

Чехот рече дека оваа несреќа ќе го следи до крајот на животот, а објави и снимка на која се гледа дека навистина од негов агол, при скокот, не можел да види што се случува долу и не почувствувал дека поминал преку човекот.

- Оглас -

Најнови вести