Ужасна трагедија во Салвадор, во навивачко стампедо на стадион починаа десетина лица (Видео)

Трагедија го одбележа натпреварот помеѓу Алинаса и ФАС од плејофот во Ел Салвадор, откако во навивачко стампедо има и починати. Првата информација беше дека има девет мртви, седуммина мажи и две девојки, а потоа се појави вест дека бројката на починати пораснала на 12.

Хаосот почна кога фанови на Алинаса се обидувале да влезат низ двете врати на стадионот и да влезат на трибина. Претседателот на Ел Салвадор рекол дека овие навивачи кои го предизвикаа инцидентот, имале лажни билети.

Многу навивачи спасот го најдоа влегувајќи на терен, па мечот беше прекинат.

- Оглас -

Најнови вести