Вајлдер со брутален нокаут брзо го испрати Бризел во царството на соништата (Видео)

Деонтеј Вајлдер повторно ја одбрани боксерската титула во супертешка категорија, а за тоа му беше потребна нецела една рунда и еден страотен удар.

На само 57 секунди до крајот на првата рунда во Њујорк, Вајлдер го испрати предизвикувачот Доминик Бризел на подот, а борбата заврши уште пред да започне посериозно.

Вајлдер по 9-ти пат ја одбрани круната и има 40 победи во 41 бокс меч. Нерешено заврши познатиот дуел со тајсон Фјури, а Американецот останува неприкосновен со појасот што го има од 2015 година.

 

- Оглас -

Најнови вести