Вајперс Кристијансанд по трет трофеј во низа, Ференцварош го игра првото финале после она против Кометал ЃП (Фото)

Екипите на Вајперс Кристијансанд и Ференцварош денес во меѓусебен дуел ќе одлучуваат дали Европа ќе има нов женски ракометен владел или екипата од Норвешка и третпат во низа ќе го освои трофејот од женската Лига на шампиони.

Завршниот турнир се игра во Будимпешта, што значи дека Ференцварош ќе има можност да стигне до првиот трофеј во Лигата на шампионите на домашен терен, а ова за нив е прво финале после она во 2002-рата година кога загубија од Кометал ЃП.

На спротивната страна, екипата на Вајперс го игра третото финале во серија, а на претходните две успеа да забележи победи против Брест Бретањ и Ѓер и со тоа двапати да го крене трофејот од женската Лига на шампиони.

Претходно во дуелот за третото место ќе играат екипите на Ѓер и Есбјерг.

- Оглас -

Најнови вести