Вака може само во Турција – Галатасарај победи со контроверзен гол во 101-вата минута, Дијањ како тенк ги прегази дефанзивците на Ризеспор (Видео)

Галатасарај го победи Ризеспор со 3:2 во драматичен меч што се играше долго, а заврши со погодок на гостите во 101-вата минута, по акција што крена многу прашина во Турција.

Мбаје Дијањ немаше милост кон двајцата дефанзивци на Ризеспор и ги прагази како тенк, но се чини дека и направи фаул што не беше досуден, па потоа му асистираше на Морутан, кој ја погоди празната мрежа на домаќините во 11-тата минута од судиското продолжение.

https://twitter.com/sir_mancio/status/1444732543614525440?s=20

Контроверзна акција и гол што го реши победникот, а реакции има многу, особено од таборот на Ризеспор и на социјалните мрежи.

Галатасарај водеше со 1:0 со голот на Мостафа Мохамед во петтата минута, но тоа беше само почеток на возбудувањата на стадионот „Чајкур Диди“ во Ризе.

Домаќините и со головите на Похјанпало направија пресврт до 25-тата минута. Мохамед со нов гол израмни на 2:2 во 75-тата минута, па Кутлу беше исклучен кај Галатасарај, а Болдрин промаши пенал за Ризеспор.

Потоа имаше долго продолжение и во 101-вата минута следуваше контроверзниот комент и голот на Морутан, кој уште долго ќе се коментира.

 

- Оглас -

Најнови вести