Ваков малер во обложувалница еднаш се појавува (Фото)

Ливерпул синоќа стана европски првак, откако со 2:0 го победи Тотенхем во финалето од Лигата на шампиони во Мадрид. Овој меч беше предизвик за многумина да се обложуваат на најразлични игри, а тоа донесе и едно неверојатно промашување на тикет.

Еден играч во обложувалница ставил 25 фунти дека во првата минута од мечот нема да има пенал. Добивката му е речиси идентична колку и уплатата, но сепак успеал да промаши. Само што започна финалето, по 20-тина секунди игра, судијата Дамир Скомина досуди пенал за Ливерпул, а Мохамед Салах погоди за 1:0.

- Оглас -

Најнови вести