Вакцинирај се, па гледај натпревар на стадион!

Израел кој е светски шампион во вакцинирање против коронавирус по глава на жител, воведува правило кое можеби ќе го следат и другите земји, а тоа е да се дозволи ограничено присуство на публика на стадионите, со тоа што влез би имале само вакцинирани лица кои имаат 16 или повеќе години.

Во петокот, на стадионот во Тел Авив се одржа еден концерт кој беше како генерална проба. Од задутре, во Израел ќе смее да има до 1.500 гледачи на натпреварите. Прв меч со публика ќе биде оној на Хапоел Тел Авив и Бнеи Сахнин. Домаќинот Хапоел објави какви правила ќе треба да се почитуваат за сите кои сакаат да го гледаат натпреварот.

Еден од условите за добивање на билет е потврда дека сте вакциниран против Ковид-19. Тие што ќе присуствуваат в сабота, нема да може да го гледаат следниот домашен меч, и така повеќе различни навивачи би имале прилика да гледаат фудбал, а не едни исти 1.500 лица. Нема да се продаваат храна и пијалоци, но секој гледач ќе може да внесе по едно пластично шише.

Тел Авив е градот во кој на 1 август ќе се игра Суперкупот на Франција. Францускиот Суперкуп во кој ПСЖ е актуелен победник, првпат ќе се игра во Израел, можеби токму поради можноста да има публика.

- Оглас -

Најнови вести