Вакви судии нема никаде на светот – На Тунис пак му го крадеа времето (Видео)

Тунис го почна и го заврши настапот на Африканскиот куп на Нации со неразбирливи грешки и одлуки на судиите на нивна штета, а повторно им беше украдено времето предвидено за времетраење на меч на турнирот.

Вечерва Буркина Фасо ги победи со 1:0 и ги елиминира во четвртфиналето, а судијата Бондо од Боцвана свирна крај на 20 секунди до истекот на предвидените четири минути судиско продолжение.

Тунис во последните 15-на минути имаше играч повеќе по исклучувањето на стрелецот на победничкиот гол, Данго Уатара.

Идентично на Тунижаните им се случи и на првиот меч на турнирот за шампион на Африка, кога судијата Сиказве од Замбија свирна крај на мечот против Мали во 89. минута.

Тунижаните го загубија мечот со 0:1, а и тогаш и вечерва жестоко реагираа на неразбирливите одлуки на судиите.

 

- Оглас -

Најнови вести