Вакво чудо од голман претходно на Мундијалите имало само двапати

Доминик Ливаковиќ е вистински херој на хрватската фудбалска репрезентација, која со 3:1 на пенали ја елиминира Јапонија во осминафиналето од Светското првенство. Голманот на Коцкестите успеа да одбрани три од четирите пенали што ги шутнаа јапонските фудбалери.

Неверојатен беше рефлексот на голманот на Динамо, кој ги одбрани ударите на Минамино, Итома и Тошида. Ова е само тре пат во пенал-рулетот на Светските првенства голман да одбрани три пенали. Претходно тоа им успеало само на Рикардо Патрисио од Португалија во 2006 против Англија и на Даниел Субашиќ од Хрватска на СП пред четири години во Русија.

- Оглас -

Најнови вести