Вакво спектакуларно забивање ретко се гледа во Европа (Видео)

Екипите на Умана Венеција и Динамо Сасари вечерва го одиграат седмиот решавачки дуел од финалето на плејофот во италијанското кошаркарско првенство, а тоа се два тима кои во минатото ги има водено македонскиот стручњак Заре Марковски.

Марковски е многу поповрзан со клубот од Сардинија, таму работеше од 1991 до 1994 година, што беше негов прв пробив на италијанскиот пазар, а се врати лани, кога работеше и како прв и како помошник тренер. Пред неколку месеци си замина од Сасари, а другиот финалист, Венеција, ја има водено во сезоната 2013/2014.

На шестиот меч од оваа финална серија, бекот на Динамо Сасари, Тајрус Мекги, имаше една соло акција која ја заврши со незаборавно забивање. Вакви забивања ретко се гледаат на европските терени, особено кога станува збор за атракција од еден играч кој е висок, за кошарката скромни, 188 сантиметри.

Погледнете што направи Мекги на завчерашниот меч:

- Оглас -

Најнови вести