Валенсија му зема мерка на Армани Милано (Видео)

Валенсија му зема мерка на Армани Милано и славеше со 86:81 на свој терен, иако по првото полувреме гостите имаа предност од 42:44.

Предводени од белгискиот репрезентативец Сем Ван Росом, кој постигна 21 поен Лилјаците направија пресврт и го добија мечот со пет поени разлика.

Покрај најефикасниот кошаркар на мечот се истакна и Клемен Препелиќ со 14 поени и пет асистенции. Шејвон Шилдс со 17 поени се обиде да го доведе Милано до победа, но немаше поддршка од соиграчите.

Претходно Баерн во Минхен ја декласира Црвена Ѕвезда со 15 поени разлика и забележа победа од 74:59, а ЦСКА Москва победи во Атина против Панатинаикос со 89:83.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести