Валтер доаѓа во Битола – Пелистер има нов тренер и е екстра квалитетен

Данецот Ларс Валтер е нов тренер на ракометниот гигант Пелистер Еурофарм како замена за Жељко Бабиќ, кој се раздели со битолчани по завршувањето на сезоната.

Валтер има 56 години и е познато име во светот на ракометот, а беше тренер на Фленсбург, Порто, Висла, Баја Маре, Кадетен Шафхаузен, Горење и уште неколку екипи.

Данскиот стратег беше прогласен за тренер на годината во Полска, и тоа двапати по ред, во 2011 и 2012 година, а освојуваше титули со Висла, со Баја Маре во Романија и двапати со Кадетен Шафхаузен во Швајцарија.

Како ракометар имаше солидна кариера со настапи за екипи од калибарот на Алборг во Данска, потоа и за германските клубови Нордхорн и Емден, за Маритимо и Спортинг во Португалија и Акуреји во Исланд.

 

- Оглас -

Најнови вести