Валверде: Да го победевме Ливерпул, ќе бевме европски шампиони (Видео)

Ернесто Валверде ја преживеа елиминацијата на Барселона од Ливерпул во Лигата на шампионите и остана тренер на Барса и оваа сезона, но уште го боли тој пораз од 0-4, по кој Каталонците останаа со празни раце откако првиот меч против Црвените го добија со 3-0.

„Целта за 2020 ни е да ги добиеме сите натпревари. Ќе ни треба и среќа. Годинава до поразот во Ливерпул имавме одлично издание во ЛШ. И на ’Енфилд’ имавме шанси, но првиот гол го примивме многу рано и тоа психолошки негативно делуваше врз нас бидејќи нè потсети на поразот од Рома во минатата година. Имавме моменти на слабости и бевме казнети. Тоа беше еден од најтешките моменти годинава. Ако го поминевме Ливерпул, ќе победевме и во финалето“, вели Валверде во новогодишно интервју за интернет-сајтот на Барселона.

Ова е голот кој ги закопа Каталонците снимен од сите агли:

https://www.youtube.com/watch?v=tZnvi8huvk0

- Оглас -

Најнови вести