Валверде го доби посакуваното, но фановите не се воодушевени (Видео)

Кевин-Принс Боатенг од Сасуоло ќе игра како позајмен во Барселона, но според анкетите, мислењето на фановите околу неговиот ангажман е поделено. Боатенг има долга историја на правење проблеми, па може да биде опасно во соблекувалната, каде што ги има Артуро Видал, па и Луис Суарес и кои се со слични карактери како репрезентативецот на Гана.

Од Шалке 04 беше казнет поради недисциплина, беше фатен како пуши и пие алкохол додека чекаше контрола за допинг. Изјавуваше дека се повредувал при претеран секс, напушти терен кога кон него имаше расистички извици, во Тотенхем имаше 95 килограми и излегувал до 6 наутро, а целиот беше отечен од пиење и лоша исхрана.

Во 2010, кога играше за Портсмут, Боатенг во финалето на ФА купот против Челзи го повреди Михаел Балак, кој не можеше да игра за Германија на СП тоа лето. Иако се извини, Германците не му простија. А, и тој можеше да игра за Германија, која му е родна земја, но за разлика од брат му Жером, тој реши да настапува за националниот тим на Гана.

Фудбалското знаење не му е спорно, а еден од најубавите голови во кариерата го даде за Милан против Барселона:

https://www.youtube.com/watch?v=JCxNDKG0fzI

Она што не им се допаѓа на навивачите на Барса е неговата изјава од 2017 година дека повеќе го сака Реал од Барселона и дека Кристијано Роналдо е најдобар на светот и пример за сите млади фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести