Валверде: Играчите се тие кои губат или победуваат на терен, но и јас имам вина

Ернесто Валверде никако не може да најде начин како неговата Барселона да победи на гостински терен. Каталонците од 23 април наваму не добиле официјален меч одигран на гости.

„Можеби нè пресече рано примениот прв гол, но тој не го одлучи победникот. Се обидовме да изедначиме, но дојде и вториот гол, по што беше многу компликувано да се вратиме. Многу лошо играме на гостувањата, постојано први примаме гол. Нема оправдување. Ни фали поголема сила и убоитост во завршницата на нападите. Играчите се тие кои губат или победуваат на терен, но и јас чувствувам одговорност за ова што се случи. Не заслуживме да победиме. Гранада добро се подготвила, нè удри таму каде што најмногу нè боли“ – рече Валверде.

Иако Валверде се жали од нападот, сепак Барса е на делба на првото место во лигата според ефикасноста. Ова е најлошиот старт на клубот во лигата во последните 25 години, најлош откако победите се вреднуваат со три бода. По пет кола имаат 7 бода, а примија девет гола.

- Оглас -

Најнови вести