Валверде откри кој меч го гледал по отказот од Барселона

Откако го напушти кормилото на Барселона, Ернесто Валверде одмара од секакви фудбалски активности, дури не се труди да ги следи актуелните настани на зелениот тепих. Очигледно добро му дојде слободното време со кое располага, па шпанскиот стратег го промени и стилот, како што може да се забележи на насловната фотографија, пуштил брада, нешто што не е карактеристично за него додека работи.

Валверде вели дека одморот го користи за убаво да размисли што ќе прави понатаму во кариерата, се споменува дека ќе се проба во Премиер лигата, иако работата во грчкиот гигант Олимпијакос му беше единствен интернационален ангажман. Шпанецот откри дека гледал само еден меч откако е невработен, а тоа бил четвртфиналниот дуел во шпанскиот Куп меѓу Атлетик Билбао и Барселона, кој Баскијците го добија со 1-0.

Валверде не сакал да го пропушти дуелот на двете поранешни екипи кои ги предводеше, иако се обидува да стои на дистанца со Каталонците по прекинот на соработката.

„Во изминативе неколку недели не гледам фудбал, но не го пропушив мечот Билбао – Барселона. Тешко е да се гледа тимот кој до пред извесно време го водев, па затоа се обидувам да се дистанцирам од нив“, истакна Валверде.

 

- Оглас -

Најнови вести