Валверде: Подобро е навивачите да не ја дознаат вистината за Меси и Барселона

Ернесто Валверде беше на чело на Барселона во периодот од 2017 до 2020 година и имаше чест да биде предводник на екипа во која главен беше Лионел Меси. Со Валверде на клупата, Барселона освои две титули во Примера дивисион, една во Купот на Шпанија и еден трофеј во Суперкупот на Шпанија.

Запрашан за тоа зошто Меси си замина од Барселона, Валверде вели дека можеби е подобро никогаш да не се дознае тоа што се случувало зад затворените врати.

„Не знам што се случило. Тоа е мистерија. Подобро е луѓето да не знаат што точно се случи меѓу Меси и Барселона. Можеби најдобро ќе биде да не се дознае вистината“, рече Валверде, кој откако минатата година си замина од каталонскиот гигант, немаше ново работно место.

Валверде како тренер има работено во Атлетик Билбао, Валенсија, Олимпијакос, Вилјареал и Еспањол.

 

- Оглас -

Најнови вести