Валверде реагираше како мачка, си го спаси животот на „Вуелта“ (Видео)

Алехандро Валверде реагираше како мачка и се спаси од трагичен пад во провалија во етапата што се возеше на познатата велосипедска трка „Вуелта“ во Шпанија.

Познатиот велосипедист и победник на „Вуелта“ во 2009 година, успеа на чудесен начин со пад од велосипедот да спречи пад во длабоката провалија крај патот и да си го спаси животот.

Шпанецот потоа ја продолжи седмата етапа, но поради болки се откажа неколку километри подоцна. Валверде возеше неколку километри со скршеница на клучната коска, па мораше во болница и се откажа комплетно од понатамошниот настап на трката што се вози во Шпанија и во дел од околните земји.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести