Валверде реши да се откаже од 36 милиони евра кои му следуваат од Барселона!

Ернесто Валверде од пред неколку дена не е тренер на Барселона. Тој е првиот стратег кој по Луи ван Хал во 2003 година си оди со добиен отказ од каталонскиот гигант.

Барселона на срамен начин му соопшти дека Валверде добил отказ. Тренерот имаше разговор со челниците на клубот, на кој било одлучено дека ќе остане стратег. Сепак, само неколку часа подоцна, додека Валверде се подготвувал за попладневниот тренинг, преку телефон од својот агент слушнал дека работите во клубот се промениле и дека решиле да му дадат отказ.

На местото на Валверде, Барселона  веднаш го назначи Кике Сетјен од Бетис. Иако Валверде на многу неубав начин се раздели од Барселона, тренерот до крајот покажа дека е вистински џентлмен. Според договорот, Валверде требаше да биде на чело на Барселона уште една и пол година, односно до јуни 2021. Во договорот стоеше дека доколку тренерот порано добие отказ, тој ќе може да си ја добие целата плата од договорот.

Сепак, според пишувањата во Шпанија, Валверде решил да се откаже од платата кој му следува во следните 18 месеци. Годишната плата на Валверде беше 24 милиони евра, што значи дека Барселона требаше да му испалти 36 милиони евра за една и пол година на сега веќе поранешниот стратег на каталонците.

Валверде сметал дека не треба да ги добие парите од клубот, ако веќе не е тренер, па се откажал од 36 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести