Ван Дајк гласал за Меси, а циркуз е изборот на Роналдо

Лионел Меси доби уште една вредна индивидуална награда за неговите игри во минатата сезона. Аргентинецот беше избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, оставајќи ги зад себе Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо. Интересно е тоа што самиот Ван Дајк во неговиот избор на прво место го сместил Лионел Меси, а дури потоа ги става двајцата негови соиграчи Мохамед Салах и Садио Мане.

Тоа доволно кажува за респектот кој Ван Дајк го има кон Меси и неговата игра. Победникот Меси на прво место го ставил Салах, а потоа следува Роналдо и на крајот е Френки де Јонг.

Роналдо воопшто ги нема ниту Меси, ниту Ван Дајк во неговиот избор. Португалецот за најдобар го смета својот нов соиграч Матајс де Лихт, пред Френки де Јонг и Килијан Мбапе.

Интересно е што Меси за малку не успеа да ја добие и наградата „Ференц Пушкаш“, која се доделува за најдобар гол. Таа награда замина во рацете на тинејџер од Унгарија, кој постигна препрасен погодок со ножички, кој може да го погледнете ТУКА.

https://twitter.com/_BeFoot/status/1176237583468249088

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести