Ван Дајк ќе ја пропушти фештата на преполната „Јохан Кројф арена“

Во пресрет на дуелот меѓу Холандија и Естонија, последен од квалификациите за ЕП 2020, Лалињата нема да сметаат на нивниот капитен Вирџил Ван Дајк. Дефанзивецот на Ливерпул поради приватни причини го напуштил тренинг-кампот на репрезентацијата, а засега не е познато за што точно станува збор.

Холандија пред преполната арена „Јохан Кројф“ ќе ја пречека Естонија, а по тој дуел ќе се слави пласманот на големото натпреварување по осум години пауза, а веќе сè е подготвено за фешта.

 

- Оглас -

Најнови вести