Ван Дајк: Ќе се вратам посилен од претходно

Вирџил ван Дајк се огласи преку социјалните мрежи првпат по добиените резултати околу повредата на коленото. Му се случи најцрното сценарио по крвничкиот старт од голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.

Ван Дајк ќе мора да оди на операција поради кинење на вкрстените лигаменти во десното колено, за што ќе му бидат потребни најмалку седум месеци да се врати на терените. Јирген Клоп речиси цела сезона ќе мора да дејствува без клучниот стопер, а прашање е дали Ван Дајк ќе стигне навреме да закрепне пред стартот на Европското првенство.

„Потполно сум фокусиран и ќе направам сè што е потребно за што побрзо да закрепнам. Покрај очигледното разочарување, цврсто верувам дека во фудбалот, како и во животот, сè се случува со причина, во секоја потешкотија лежи нова шанса и со Божја помош ќе се вратам подобар и посилен од кога било. Ви благодарам на сите за поддршката“, се изјасни Ван Дајк преку социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести