Ван Дајк: Можев да одам во Сити или Челзи, но пресуди Клоп

Ливерпул од Вирџил ван Дајк направи најскап дефанзивец во историјата на фудбалот кога го ангажираше за 75 милиони фунти во јануари 2018 година. Холандскиот стопер во Саутхемптон покажа дека е доволно добар да игра за една од Топ-4 екипите во Премиер лигата, по што три гиганти беа во трка за неговиот потпис пред да се пресели на „Енфилд“.

Ван Дајк посочи дека Јигрен Клоп одиграл важна улога во неговата одлука да го облече црвениот дрес, а две и пол години подоцна се покажа дека не згрешил.

„Имав шанса да одам во Манчестер сити или Челзи, меѓутоа Клоп има нешто посебно во него. Не знам дали е тоа неговата енергија или неговата работна етика и врската со играчите. Штом се сретнете со него, ви буди посебно чувство на среќа, можеби звучи смешно, но тоа ги мотивира играчите. Дури кога ги имав сите понуди на маса, се одлучив за Ливерпул. Ме привлече историјата на клубот, градот, но и проектот кој почна да се гради на „Енфилд“, а секако Клоп беше главен фактор“, истакна Ван Дајк.

Ван Дајк експресно влијаеше врз успехот на тимот. Ланската сезона стигна до трофејот во Лигата на шампионите, а исто така беше избран за најдобар играч на најелитното европско натпреварување, исто и во Премиер лигата, а оваа сезона веќе е шампион на Англија.

- Оглас -

Најнови вести