Ван Дајк налето го напушта Ливерпул и се сели во Бундеслигата, но не во Баерн?!

Ливерпул до пред неколку недели беше во игра за освојување на четири трофеи сезонава, но на крајот ќе мора да се задоволи само со тој за триумф во англискиот Лига куп, а налето покрај менаџерот Јирген Клоп, може да остане и без столбот во одбраната, Вирџил ван Дајк, кој пак размислува да направи трансфер во Бундеслигата.

Според весникот „Мирор“, Ван Дајк налето најверојатно ќе си замине од Ливерпул и ќе се пресели во Бундеслигата, но не во редовите на Баерн Минхен или шампионот Баер Леверкузен, туку во Борусија Дортмунд.

„Мирор“ пишува дека управата на Милионерите планира да ја нападне титулата во Бундеслигата и за тоа е подготвена да издвои големи средства за засилувања меѓу кои треба да биде и Ван Дајк.

- Оглас -

Најнови вести