Ван Дајк не е сигурен дека ќе остане во Ливерпул и следната сезона

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изјави дека не е сигурен дека е следната сезона ќе биде дел од Црвените, објави магазинот „Тајмс“.

Оваа изјава на Ван Дајк, кој има договор со Ливерпул до 2025 година, доаѓа само неколку дена откако менаџерот на Црвените, Јирген Клоп, изјави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул.

„Тоа е големо прашање. Моментно не знам. Клубот има тешка задача, многу работи ќе се променат. Сакам да видам во која насока ќе оди клубот. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата“, одговори Ван Дајк на прашање на новинарите дали и следната сезона ќе игра за Ливерпул.

Ван Дајк во Ливерпул пристигна во 2018 година и одигра 246 натпревари, на кои постигна 21 гол и освои седум трофеи, меѓу кои се и триумфите во Лигата на шампионите и Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести