Ван Дајк не го заборави Гронинген: Купи четири сезонски билети, ќе ги подари на фанови

Вирџил Ван Дајк ќе израдува четворица фанови на холандскиот прволигаш Гронинген, со тоа што ќе им подари сезонски билети за сезоната 2020/21. Билетите ќе бидат доделени на фанови кои не се финансиски способни сами да си обезбедат, а воедно ѕвездата на Ливерпул на овој начин сака да го поддржи клубот каде што ја започна професионалната кариера.

Холандскиот стопер токму во овој клуб го оствари своето фудбалско деби на 20-годишна возраст во 2011 година. Во Гронинген се задржа две сезони со запишани 65 настапи во кои беше седумкратен стрелец, пред да го оствари трансферот во Селтик во 2013 година.

Инаку, сезоната во холандската Ередивизие се откажа без прогласен шампион, фудбал во оваа земја ќе се игра дури во септември кога ќе почне и новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести