Ван Дајк прво го уплаши, па го смири Клоп: Добро сум шефе, и сопругата се загрижи

Вирџил ван Дајк за момент го стресе Ливерпул кога за време на натпреварот меѓу Холандија и Турција почувствувал болки во зглобот, меѓутоа не заработил повреда.

Сепак, холандскиот капитен успеал да го смири Јирген Клоп, кој се загрижил да не се работи за повреда која може да го оттргне од терените, односно да не му биде на располагање за гостувањето кај Лидс во недела.

„Веднаш по натпреварот му пишав порака за да го прашам дали е добро, а кога влезе во автобусот, ми се јави и ми потврди дека нема никаков проблем. Ми кажа дека и неговата сопруга била загрижена, а јас му побарав да се снима како се движи и да ми покаже, но ме убеди дека не е повреден. Вирџил почувствувал само затегнување и ништо повеќе“, објасни Клоп.

Ливерпул во недела ќе атакува на трета победа во Премиер лигата во четвртото коло, но и тимот на Лидс цели на трите бода откако во првите три кола забележа две ремија и еден пораз. Дуелот на „Еланд роуд“ ќе се одигра во 17:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести