Ван Дајк се покажа како џентлмен – Им аплаудираше на третолигашите и ги почести со убав гест (Фото)

Вирџил ван Дајк беше еден од ретките првотимци на Ливерпул што вчера играше против третолигашот Шрусбери во ФА купот, а по мечот гостите го истакнаа прекрасниот гест на Холанѓанецот.

Ван Дајк заминал во соблекувалната на Шрусбери и им аплаудирал на играчите и им честитал за одличната игра, иако загубија на „Енфилд роуд“ со 4:1 и се елиминирани во ФА купот.

Стоперот на Ливерпул му го подарил и дресот на стрелецот за Шрусебри, Даниел Удох, кој потоа се пофали со четворката на Ван Дајк.

https://twitter.com/DanUdz9/status/1480310782411816967?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести