Ван Дајк за малку ќе починел, си го напишал и тестаментот

Холандскиот дефанзивец Вирџил ван Дајк кажа дека минатата деценија имал еден драматичен настан кога животот му висел на конец и, во најлош случај, можел да почине. Денеска Ван Дајк е еден од најдобрите фудбалери на светот, стана светска класа, а можеби звучи бизарно, но кога имал 20 години, имал опасни компликации по воспаление на слепото црево. Слепото црево му пукнало и со тоа се создал проблем во црниот дроб.

„Уште се сеќавам како лежев во кревет и гледав како има цевки кои влегуваа и излегуваа од мене. Бев беспомошен, животот ми беше во опасност, со мајка ми се молевме секој ден да ми биде подобро. Се договоривме и да напишам и потпишам тестамент. Ако умрев, половина од моите пари требаше да ѝ припаднат на мајка ми“, раскажа Ван Дајк за драмата која му се случувала кога уште играше во холандското првенство.

 

 

- Оглас -

Најнови вести