Ван дер Варт: Можам да најдам тројца аматери кои ќе ја вршат истата работа како Мегваер во Манчестер

Некогашниот холандски напаѓач, Рафаел ван дер Варт не може да верува какви грешки во одбраната на Манчестер јунајтед прави Хари Мегваер.

Ван дер Варт е убеден дека може да најде и аматери кои ќе играат на исто ниво како англискиот репрезентативец.

„Верувам дека Мегваер секогаш после меч кога ќе дојде дома, на својата жена и кажува колку е слаб фудбалер, а коку многу заработува. Искрено мислам дека тоа го прави и дека им се смее на сите. Јас можам да најдам тројца аматери фудбалери кои на теренот ќе го прават истото што го прави Мегваер. Знам дека звучи смешно, но навистина верувам дека можам да најдам тројца аматери кои ќе играат на нивото на Мегваер“, рече Ван дер Варт.

- Оглас -

Најнови вести