Ван Хал е подготвен за збогум

Холандскиот стратег Луис Ван Хал одлучи да му каже збогум на фудбалот и ќе замине во пензија. Еден од најтрофејните европски тренери имаше одлични успеси со елитни клубови, а беше и селектор на Холандија, селекцијата која ја донесе до третото место на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Ван Хал беше тренер на Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, Баерн и Манчестер јунајтед и селектор на „лалињата“.

Има еден трофеј во Лигата на шампионите со Ајакс, со популарните „копјаници“ го освои и Купот на УЕФА, сега преименуван во Лигата на Европа, а со нив има и хет-трик, бидејќи го освои и пехарот во Суперкупот на Европа. Тоа го стори и као тренер на Барселона, а има и домашни трофеи со екипите кои ги предводеше.

Во пензија Холанѓанецот ќе замине со биланс од неверојатни 888 натпревари на кои бил на клупата како тренер или селектор, а забележа одлични 536 победи, само 173 порази и 179 нерешени.

 

- Оглас -

Најнови вести