Ван Хал ќе му биде тренер на синот на Куман

Прославениот холандски тренер Луис Ван Хал утре ќе биде во улога на главен тренер на клупата на Телстар во меч од холандската втора лига. Ван Хал, кој играше за Телстар пред 43 години, има дадено ветување дека од солидарност, ќе го води тимот барем на еден меч. Парите од продажбата на билети ќе оди во една фондација која се грижи за заболените со мускулни болести.

Ван Хал веќе цела недела работи со екипата, а таму во играчкиот кадар е Роналд Куман јуниор, синот на актуелниот тренер на Барселона, Роналд Куман. Инаку младиот Куман е голман и има 26 години. Ретко е стартер, но бранеше на последните два меча. И Ван Хал и Куман сениор ги поврзува тоа што биле тренери на Барса.

- Оглас -

Најнови вести