Ванда ја соопшти среќната вест за навивачите на Интер

Најдобриот играч на Интер, Мауро Икарди, е подготвен да ја продолжи соработката со клубот. И покрај многуте шпекулации дека Аргентинецот може да си замине од „Џузепе Меаца“ за да потпише со Реал Мадрид, сега е многу веројатно дека тоа нема да се случи.

Сопругата на Икарди, Ванда Нара, на својот твитер профил објави информација која сигурно многу ќе ги израдува сите фанови на Интер.

„Сега е 00:30 часот и уште го читам новиот договор на Икарди“, напиша Ванда.

Според најавите, се работи за продолжување на соработката до 2023 година, а Икарди годишно би требало да заработува седум милиони евра, плус бонусите.

 

- Оглас -

Најнови вести